Тимот за едукација обука и развој започна со креирање на пет практикуми како подршка за сите наставници- реализатори на НМИО во процесот на непосредна реализација на воннаставните активности. Практикумите ќе бидат во тесна корелација со тематските подрачја од годишните програми за интегрираните воннаставни активности, но воедно ќе бидат опфатени и подетално разработени одредени обележја на НМИО.

Првиот практикум, објавен на 18 септември, 2013 е приказ на успешни и репрезентативни модели на воннаставни активности, реализирани од страна на повеќе наставнички тандеми во неколку училишта кои го имплементираат НМИО.

Целта на овој практикум е да ги стимулира и поттикне реализаторите во процес на подготовка на оргинални и инвентивни двојазични активности, коишто во исто време би ги промовирале спецификите на самиот модел.

Овој концепт на приказ на позитивни, успешни и репрезентативни воннаставни активности ќе биде практикуван во текот на целата учебна година, со што темите на активностите ќе бидат усогласени со актуелните настани, случувања во текот на учебната година.

Првиот практикум е подготвен тројазично (македонски, албански и турски јазик) и истиот ќе биде проследен на сите наставници во улога на реализатори на Нансен моделот.