На 25. март 2019. година, наставниците Тодорка Нане и Надица Нане заедно со ученици од петто одделение ја реализираа дневната активност “Пченица” во рамки на темата “Од зрно до плод” од Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Во текот на оваа актиност учениците имаа можност да научат за пценицата како едно од најважните житни култури. Тие на интернет пребараа информации за пченицата да разберат од каде потекнува, каде се одгледува, како се одгледува, каква е, во какви форми се јавува, за нејзината примена во исхраната, како и за нејзиното значење за човековото здравје. Потоа учениците составија постер со помош на слики на кои е претставена пченицата.

Цели на оваа активност се: запознавање со улогата и важноста на пченицата како дел од здравата исхрана, како предуслов за правилен раст и развој,  поттикнување на љубопитност кај учениците за осознавање и истражување, поттикнување соработка меѓу учениците и наставниците од двете групи, поттикнување и поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата како и збогатување на активниот речник кај учениците со нови поими на двата јазика.