(17.05, 2009) На 17 мај 2009 година НДЦ Скопје во соработка со градоначалникот на општина Јегуновце во интегрираното двојазично основно училиште за прв пат го одбележаа 17 мај – денот на Конститутивноста на Кралството Норвешка. На овој настан присуствуваа г-дин Баскар Херман претставник на амбасадата на Кралството Норвешка во Скопје, г-ѓа Бенте Кнагенхелм претставник на менаџментот на Нансен мрежата, како и голем број родители, локални политичари, настсвници и директори од централните основни училишта во Јегуновце. По тој повод своја изведба имаа култирно уметничкото друштво од основното училиште од с. Жилче како и победничката на детскиот фестивал Ylberi – Шахе Шаќири.