(17.05, 2010) По повод 17 Мај – Денот на конститутивноста на Норвешка во знак на благодарност кон донаторот и финансиерот на проектот Интегрирано двојазично основно училиште, во просториите на училиштето се изведе свечена приредба поддржана со кус говор на директорот на НДЦ-Скопје, Сашко Стојковски и градоначалникот на општина Јегуновце: Тони Коцески.

Честитките, благодарноста и желбите од училиштето на норвешкиот народ ке им ги пренесе г-ѓа Бенте Кнагенхелм претставник на менаџментот на Нансен мрежата од Норвешка која не удостои со своето присуство по повод овој настан.

Се ова ке изгледаше премногу сериозно доколку учениците не ги замешаа своите прсти. На изненадување на сите гости и родители, а со подршка на своите наставнички и тимот на НДЦ-Скопје, ги евалуираа спомените од минатогодишната победа на Норвешка на Евровизија.

Како вистински професионалци Сара Симовска, Анита Алити и Дритон Фејзули во улога на Елена Ристеска од Македонија, Кејси Тоља од Албанија и Александар Рубек од Норвешка ги претставија своите држави и ги освоија симпатиите, воздишките и долгите аплаузи на присутните.

Настанот го затвори г-ѓа Бенте Кнагенхелм која кратко зборуваше за значењето на овој ден за Норвешка, благодарноста за поканата и уверувањето дека на изборот за песна на Евровизија 2010 год во Осло ке гласа за Македонија со напомена дека оваа Евровизија која се реализира во училиштето е многу побава бидејки е изведувана од деца. А сега ве оставаме преку слика да бидете и вие дел од одбележувањето на овој ден и оваа наша детска Евровизија.