Со забавен квиз на 28.12.2012 год. учениците од основното училиште Маршал Тито Струмица го одбележаа крајот на првото полугодие а воедно и крајот на 2012 год. Квизот беше организиран и подготвен од страна на наставничките вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование. На настанот беа исто така присутни и родителите на учениците вклучени во проектот како и претставници на општина Струмица.