Нансен Дијалог Центар Скопје преку проектот Нансен модел за интегрирано образование учествува во одбележувањето на меѓународната недела на интегриратото образование за 2013 година. На првиот ден од неделата, 4 март 2013 год., беа реализирани активности во првото интегрирано основно училиште во Прељубиште- општина Јегуновце.Темата за одбележување на неделата на итегрираното образование беше “Рецептите на нашите баби“ каде учениците имаа можност да ги дегустираат домашните специјалитети подготвени од нивните баби и да ги увидат сличностите меѓу македонската и албанската традиционална кујна. Активноста беше реализирана во текот на интегрираните воннаставни активности во рамките на проектот Нансен модел за интегрирано образование.
