На 23.11.2011 година учениците и наставниците од двете генерации при ИДОУ, с. Прељубиште го обележаа Денот на дрвото. Учениците со огромно задоволство го збогатија училишниот двор со уште неколку зимзелени садници, а со ова и самите дадоа придонес во разубавувањето на непосредната околина. Денот на дрвото беше одлична прилика за меѓусебно дружење на учениците, а истовремено за потенцирање на важноста за одговорното однесување кон природата.