Во текот на последната недела не месец декември, 2013 година,Нансен дијалог центар Скопје организираше забавни настани и активности за учениците и наставниот кадар вклучени во проектот. Беа организирани претстави со куклар, магионичар како и активности за прослава и скромни подароци. Ова беше одличен начин за одбележување на крајот на 2013 година и успешното завршување на првото полугодие во училиштата кои го имплементираат Нансен моделот за интегрирано образование. Активностите бе спроведени со следниот распоред :

24 декември- Основно училиште „Шемшово“ (Фридтјоф Нансен)- Прељубиште, општина Јегуновце, средно стручно училиште „Моша Пијаде“- Прељубиште и основно училиште „Рајко Жинзифов“ /„Исмаил Ќемали“- општина Чаир, Скопје.

25 декември- основно училиште „Гоце Делчев“- општина Конче и основно училиште „Маршал Тито“- Струмица

26 декември- основно училиште „Славчо Стојменски“- општина Виница