На 15 ноември, 2013 година се заокружи почетокот на уште една соработка, овој пат Нансен дијалог центар Скопје започнува прокет за интегрирано образование во ОУ „Славчо Стојменски“ во општина Виница. Со цел да се зголеми меѓуетничката толеранција кај учениците од Македонска и Турска националност педесетмина ученици ќе бидат вклучени во интегрираните воннаставни активности. Нансен моделот за интегрирано образование кој што се практикува секогаш вклучува три основни нишки, соработак мегу наставник, ученик и родтиел а крајна цел е надминување на различности и меѓусебна толеранција.
“Интеграцијата како процес е неминовен процес од ден на ден, не само за Р. Македонија туку и за регионот. Процес којшто ги покажува првите резултати за многу кратко време, процес кој не смее да застане и да остане само на проекти, ова треба да биде еден долгорочен процес за да можеме да ги видиме придобивките од нашата заедничка работа и нашата заедничка инвестиција. Многу сме задоволни што проектот го започнуваме со 50 ученици, во една училилница, такви се условите, верувам дека оваа бројка на ученици, овој број на родители како и нивната поддршка од година на година ќе расте, ние сме подготвени да ја продолжиме соработката со оштина Виница, со ова училиште, со други училници со поголем број на вклучени родители и ученици. Голема благодарност до општината, директорот на училиштето и училишната управа, родителите коишто го помогнаа проектот и учествуваат во него, до наставниците, и се разбира до бизнис заедницата којашто и финнасиски го поддржа проектот.” Сашо Стојковски, Извршен директор на НДЦ Скопје.
Целосни стиепендии се доделени на два наставника од основното училиште Славчо Стојмеснки од о. Виница.а локалната бизнис заедница го потпомогна проектот со делумно опремување на училницата во која што ќе се изведува интегрираниот образовен процес. Одреден дел на финансиски средства ќе бидат наменети за проектот од стана на општинскиот буџет на Општина Виница.
“Преку дружење и детска игра, учениците од различните етнички заедници ќе бидат интегрирани заедно на едно место, македонци, турци, роми. Со заедничка работа и посеветеност, со желба да се постигнат нови предизвици за реформи во образованието, преку промоција на соживот, мултикултуризам и интеграција, го поддржувам овој проект со сите расположливи човечки и финнасиски ресурси. Успехот е загарантиран ако од самиот почеток има меѓусебна соработка и тимска работа како и заедничка цел., а резулттаите ќе дојдат сами по себе како награда за сите. Насмеаните лица на учениците ми даваат мотив за во иднина да се посветам на подобрувањето на условите во училиштата од нашата општина.“ Емил Дончев, Градоначалник на Општина Виница.
Нансен дијалог центар Скопје ги обезбедува годишните наставни програми за интегрирани воннастани активности, програмите за соработка со родителите, обука за наставниците кој што ќе ја реализираат програмата. Дидактички средства , целосна стручна лиература за наставниците и учениците, стручно- консулаттивна помош при реализација на Нансен моделот за интегрирано образование.
Јазичната бариера се надминува преку заедничи интегрирани воннаставни активности, меѓусебно запознавање на етичките заедници , надминување на разликите и толеранција. Проектот меѓу општина Виница и НДЦ Скопје предвидено е да продолжи и следната училишна година каде што нови ученици ќе бидат дел од интегрираните воннаставни активности.