На 1 април, 2013 година, првото интегрирано основно училиште „Фридтјоф Нансен“ (Шемшово) организираше прослава на денот на шегата во кое освен учениците кои се вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование , учествуваа и ученици од околните основни училишта. Преку стотина ученици заедно со нивните наставнци учествуваа на прославата, при која учениците ги претставија разновидните креативни маски.

На настанот присуствуваше градоначалникот на општина Јегуновце- Тони Коцески кој им се обрати на присутните ученици и наставници и воедно им честиташе за успешната организацијата на овој настан. Во текот на прославата тимот на НДЦ Скопје им додели скромни награди на училиштата кои учествуваа на првоапрлиското дефиле кое за прв пат се организира во првото интегрирано основно училиште во с. Прељубиште, општина Јегуновце.