На 8 март, 2013 година, учениците и наставниците вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование при основното училиште “Рајко Жинзифов“ (Исмаил Ќемали)- општина Чаир, ја одбележаа меѓународната недела на интегрираното образование преку креативни уметнички активности со користење на рециклирани работни материјали. Одбележувањето на неделата се реализираше во текот на интегрираните воннаставни активности во рамките на проектот Нансен модел за интегрирано образование како дел од уметничката секција.