По повод верскиот празник Курбан Бајрам, учениците од двете паралелки вклучени во проектот: Нансен модел на интегрирано образование при ООУ Маршал Тито, Струмица ги посетија семејствата на учениците: Јонус Арифов и Ѓулџан Бајрамова, каде со традиционална баклава го обележаа празникот.
Групата беше придружувана и од страна на С. Чурлинова, раководителката на сектор за образование при општина Струмица. Настанот го забележаа локланите медиумски куќи: Канал Вис и Интел, а снимениот материјал беше емитуван како дел од информативна програма.