На 14.09.2011. година се оддржа презентација на проектот пред родителите на учениците од две први паралелки (македонска и албанска) при ООУ Рајко Жинзифов, Скопје, со цел нивно информирање за целта и резултатите кои досега се постигнати со реализација на проектот: Нансен модел на интегрирано образование. Презентацијата воедно беше прилика родителите да дадат согласност за вклучување на нивните деца во интегрирани воннаставни активности, кои ќе започнат со реализација во текот на наредниот месец.
