На 28.09.2011 се оддржа презентацијата на проектот: Нансен модел на интегрирано образование пред родителите на учениците од прво одделение при ООУ” Братство”, општина Карпош, кои редовниот наставен процес го следат на македонски и албански наставен јазик.

Презентацијата е реализирана со цел запознавање на родителите со организацијата, принципите и методологијата на реализација на интегрираните воннаставни активности, како основен предуслов за добивање на согласност од страна на родителите за вклучување на учениците во истите.