Во периодот помеѓу 24.08-26.08.2010. година е оддржана тродневна обука, чијашто цел беше промовирањето на концептот и методологијата на работа во интегрирани двојазични училишта.
Обуката беше наменета за наставниците коишто се во улога на непосредни реализатори во ИДОУ (с. Прељубиште), како и за професорите коишто ќе ја изведуваат наставата во ИДСУ, во прва година. Активно учество имаа и пет одделенски наставници од ОУ Маршал Тито, Струмица, каде е планирано проширувањето и мултиплицирањето на проектот во текот на учебната 2010/2011 година. На обуката беа поканети и наставничките: Д. Реџепи и А. Китановска, како долгогодишни соработници на НДЦ, Скопје.
Обуката беше структуирана во три работилници со различни дневни теми:
– Што е ИДОУ?
– Обележјата на интегрирано двојазично образование и
– Како до интегрирано двојазично образование.
Истата е спореведена во просториите на ИДОУ (с. Прељубиште), како репрезентативен објект, којшто изобилува со мноштво позитивни индикатори за придобивките на интегрираното двојазично образование, започнувајќи уште од рана училишна возраст.
Сите горенаведени работилници се одликуваа со интерактивен пристап, којшто овозможи учесниците континуирано да имаат активна улога во тандемското и тимското реализирање на предвидените практични задачи.
Групното реализирање на задачите резултираше со конструктивно меѓусебно соработување, како и со успешни, квалитетни излезни резултати.
Во текот на сите три дена преовладуваше пријатна работна атмосфера, како и позитивно емоционално опкружување кои овозможија воспоставување на повеќенасочна комуникација и на двата јазика.