На 21. и 22. 08.2010. година се оддржани две работилници со идните средношколци кои ќе бидат прва генерација на ученици во ИДСУ, с. Прељубиште.

Целта на работилниците беше:

– меѓусебно запознавање на учениците и нивно сензибилизирањето за важноста на тимското и тандемското соработување,
– развивање на комуникациски вештини како претпоставка за конструктивна и квалитетна меѓусебна соработка и помагање,
– оспособување на учениците за невербално комуницирање во група којашто го носи предзнакот на хетерогена етничка структура како и
– вежбање на активното слушање на соучениците.

На работилниците беа применети повеќе видови на техники и игри коишто влијаеа врз поттикнувањето и оддржувањето на позитивното емоционално опкружување во групата.

Учесниците развија силни интерперсонални релации, како и активен однос кон планираните игровни содржини. Истите се одликуваа со двојазична компонента, благодарение на тандемската работа на едукаторите: Ваљон Садики и Ѓорѓи Трпески.

Техниките за евалуација на работилниците беа протврда за успешно операционализирани цели, односно истите укажаа на главната придобивка на работилниците – кохезивноста на групата.