Состанокот на НДМ се одржа на 21 ноември 2012 во Брисел, Белгија. Оваа средба беше продолжение на претходниот состанокот на мрежата одржан на 1 Јуни , 2012 во Белград, Србија. Средбата беше организирана со цел да се обезбеди платформа за дискусија и развивање на конкретни идеи за партнерство и соработка меѓу Нансен Дијалог Центрите. На состанокот присуствуваа: Марија Сомардал-НЦМД, Ангел Видал- Видал Консалтинг, Бенте Кнагенхелм- НЦПД, Татјана Поповиќ-НДЦ Србија, Луљјета Горанци-Бркиќ-НДЦ Сараево, Елвир Џулиман-НДЦ Мостар, Сузана Аготиќ-НДЦ Осијек, Ивана Гајовиќ-НДЦ Црна Гора, Тања Трајковиќ-НДЦ Бујановац, Анче Јованоска -НДЦ Скопје и Петрит Тахири-НДЦ Косово.

Сите претставници од канцелариите едногласно се согласија дека подобрената мрежна соработка е клучот за развој на производи и понатамошно финансирање. Потребата од развој на производи и активно барање на дополнително финансирање беше дискутирано по однос на постоење на повеќе можности за развој на нови идеи и искористување на интелектуалните ресурси. Имаше неколку резултати од оваа средба поврзани со одредени концепт идеи за конкретни активности и соработка помеѓу одредени центри кои ќе бидат развиени во детали дополнително. Беше потенцирано дека треба да се одржува постојана линија на комуникација со цел да се задржи целосната функционалност на Нансен Дијалог Мрежата.