На 22 јануари, 2015 г. во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје се организираше официјалната промоција на Фондацијата за интегрирано образование.
Фондацијата за интегрирано образование (ФИО) е невладина, непартиска и непрофитна организација посветена да дава поддршка на образованието преку создавање и развивање на ресурси кои ќе поттикнат образовни иновации, промовира и препознава совршени солуции и можности кои успешно ќе одговорат на потребите на учениците, наставниците, училиштето и заедницата.
Мисија на Фондацијата за интегрирано образование е да обезбеди еднаков пристап до квалитетно образование на сите ученици без разлика на верската, јазичната или етничката припадност истовремено промовирајќи ги вредностите на демократијата, мирот, меѓусебното разбирање, дијалогот, толеранцијата и соработката.
Целта на Фондацијата за интегрирано образование е да ја промовира имплементацијата на Нансен моделот за интегрирано образование во основните и средните училишта во Македонија преку овозможување и поддршка на училиштата во процесот на трансформација во интегрирани училишта според Нансен моделот за интегрирано образование.
Во текот на промоцијата на Фондацијата за интегрирано образование беа претставени членовите на Управниот одбор на Фондацијата: г. Џон Хорекенс, г-ѓа Талат Азад, г. Никола Димитров, г. Кнут Волебек, г-ѓа. Симоне Филипини, г. Сашо Стојковски, г. Сафет Незири и г. Ерван Фуере.
На настанот присуствуваа истакнати членови на Управниот одбор на фондацијата за интегрирано образование, директори на училишта и наставници.
Во текот на настанот на присутните им се обратија: г. Сашо Стојковски, Претседател на Управниот одбор на Фондацијата за интегрирано образование, г. Ветон Зеколи, Директор на Фондацијата за интегрирано образование и г. Џон Хорекенс, член на Управниот одбор на Фондацијата за интегрирано образование.
Фондацијата за интегрирано образование ќе нуди поддршка на интегрираното образование со цел да се превенира сегрегацијата на училиштата со помош на активности и можности за соработка, дружење, комуникација помеѓу учениците, наставниците и родителите од различно етничко, религиско и културно потекло, притоа градејќи доверба и спречувајќи насилство.