(08.10.2010) На ден 8.10.2010 беше организирана и реализирана еднодневна екскурзија во Скопје по повод одбележувањето на Детската недела.
На оваа екскурзија присуствуваа 40 ученици 4 наставника и 2 претставници од НДЦ Скопје и заеднички ги посетивме:
– Првата детска амбасада Меѓаши
– Спомен куќата на Мајка Тереза
– Редакциската куќа Детска радост и книжарата Просветно дело.
Целите на екскурзијата беа: Запознавање на учениците со значењето и улогата на детската амбасада Меѓаши, промовирање на правата на децата, поттикнување на учениците за правилно применување на културно-социјалните фразипри посетата на различни унституции, применување на културно-хигиенска навика.
Оваа екскурзија помина во позитивна социо-емоционална атмосфера во групата, висок степен на соработка меѓу учениците.