На 11 јуни 2014 г. делегација предводена од Високиот Комесар за национални малцинства при ОБСЕ, Астрид Торс, вишиот советник на ВКНМ, Стефани Марсал и личниот советник на ВКНМ, Сирпа Рауцио беа во посета на НДЦ Скопје. Делегацијата оствари средба со претставниците на НДЦ Скопје и група на наставници и професори коишто се реализатори на Нансен моделот за интегрирано образование и учесници на обуките во рамките на Тренинг центарот за интегрирано образование. Во текот на состанокот, претставниците на НДЦ Скопје ги претставија главните цели и придобивки од Нансен моделот за интегрирано образование, исто така и структурата и програмата на Тренинг центарот за интегрирано образование. Во текот на средбата наставниците и професорите ги споделија нивните впечатоци по однос на придобивките и предизвиците при реализацијата на интегрираните воннаставни активности во рамките на училиштата.

За повеќе фотографии кликнете тука.