(06.03, 2009) На ден 06.03.2009 во подрачното интегрирано двојазично основно училиште во с.Прељубиште беше организирана и реализирана приредба по повод празникот на жената 8ми март со наслов “Мила мамо”.
Целта на приредбата беше одбележување на празникот на жената – мајката 8ми март, откривање на значењето на празникот за секоја мајка, поттикнување на позитивно расположение, зајакнување на интеракцијата родител – ученик – наставник, унапредување на соработката со родителите и семејствата на учениците и поддржување на децата во применувањето на културно-социјалните фрази на двата јазика при честитањето на горенаведениот празник.

Приредбата беше организирана од страна на наставничките, а се разбира, соработката и поддршката од родителите не изостана. На приредбата подеднакво учество зедоа сите 24 ученици од двете јазични, верски интегрирани групи и тоа преку рецитирање на стихотворби, рецитали, музички нумери со соодветна кореографија на двата јазика. Учениците приредбата ја затворија со заедничка честитка кон мајките на двата јазика “Среќен 8ми Март мамо!”, “Gëzuar 8 marsin nënas!”. Сето ова беше поддржано со силни аплаузи и задоволни изрази на лицата на сите присутни на приредбата, со што сметаме дека целосно беше оправдана целта на оваа приредба.