(08.03.2011) По повод меѓународниот празник 8. март, учениците од двете генерации, низ игра и песна  ја пренесоа својата љубов и искрена честитка до сите мајки, баби, наставнички, жени. Приредбата “За мама” ги сполти сите ученици, кои на своите мајки им подарија стихотворби, песни и драматизација збогатени со рачно изработени разнобојни цветови. Ова воедно беше убава прилика за заедничка дружба помеѓу присутните гостинки ,одговорните наставнички и тимот на НДЦ Скопје.