На 1-ви септември во општина Јегуновце од страна на заменик претседателот на Влада на РМ г-дин Абдулаким Адеми, министерот за образование и наука г-дин Нокола Тодоров и амбасадорот на Кралството Норвешка во Македонија г-дин Кјетил Паулсен свечено беше пуштена во употреба новата училишна зграда во која ќе се реализира проектот “Интегрирано и двојазично средно училиште“. На отварањето присуствуваа претставници на владата на Република Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Македонија, УСАИД, Европската комисија во Скопје, Управниот одбор на Нансен центарот за мири и дијалог од Норвешка, нансен мрежата на Балканот, општина Јегуновце и Тетово, Бирото за развој на образованието во Македонија, префесорите, учениците и нвните родители.
Оваа година со помош на МНР на Кралството Норвешка, изградивме училиште кое е мало по големина но големо по значење. Денес во оваа општина на ова место, се развива новиот современ модел за европско образование- интегрирано двојазично образование. Како што Фридтјоф Нансен добитникот на Нобелова награда за мир со неговите дела влезе во Норвешката и светската историја, овие две училишта ќе бидат дел од историјата на новиот образовен систем во Македонија, истакна во своето обраќање г-дин Сашо Стојковски – извршен директор на НДЦ Скопје.

Директорот на средното стручно општинско училиште “Моша Пијаде“ од Тетово, г-дин Перо Глигоров се заблагодари на довербата која му е укажана за неговото училиште биде дел од овој проект и дека со стручниот персонал кој ќе работи во ова училиште и постигнатите резултати ќе ја оправдаат и потврдат укажаната доверба.
Денес е голем и свечен ден за општина Јегуновце, бидејќи денес го отвараме ново изградениот објект за Средно интегрирано и двојазично училиште, проект што се спроведува за првпат во Република Македонија и на Балканот. Со овој проект ќе имаме поквалитетна настава, подобро образование и подобри меѓуетнички односи во општината изјави – градоначалникот на општина Јегуновце г-дина Тони Коцески.

Свое обраќање до присутните имаше и г-дин Стеинар Брин – директор на нансен мрежата на Балканот. Денес е прекарасен ден во Јегуновце, денес е историски ден во Јегуновце. Знаењето и образованието се најважните ресурси во било кое општество. Да се биде наставник е можеби најважнара работа во општеството, во училиштата ја градиме иднината на нашата држава. Цела Европа, вклучувајќи ја и Норвешка се обидуваме да се справиме со прашањето на интеграцијата. Би кажал дека ова е најголемиот предизвик за сите европски земји за 2010 година. Денес Јегуновце покажува на цела Европа како може да се спроведе интегрираниот училиштен систем, Јегуновце го покажува моделот кој што може да инспирира луѓе, Јегуновце развива модел кој што треба да се следи. Денес покажувате на светот како конфронтацијата може да да биде променета во соработка, денес учениците кои ќе влезат во новото училиште “Фридтјоф Нансен“ ке влезат во училиште со отворени прозорци и врати кон светот, учениците ќе учат како да живеат заедно со длабока и меѓусеба почит за своите јазици, култури, религии и традиции. Ова е патот кон иднината.

Почитувани ученици вие сте денес протагонисти на денешниот настан. Тука сте учениците од основното училиште и учениците кои ќе започнат да учат во средното училиште. Вие, во иднина преку вашите интелактуални и животни постигнувања треба да докажете дека овој концепт кој што го славиме денес е вистинскиот концепт за образование. Мислам дека сите се согласуваме дека овој модел треба да просперира во оваа земја, да се шири и надвор од ова место преку методологијата на Нансен која е многу јасна. ОБСЕ мисијата вклучувајќи го и заедно со г-дин Кнут Волебек – Високиот комесар за етнички прашања во Европа сме тука да помогнеме на општината, на училиштето и наставниот кадар со цел тој да биде успешен, изјави г-дина Хосе Луис Хереро- Шеф на ОБСЕ мисијата во Македонија.

Веќе неколку години Норвешката влада со задоволство работи со активности за подобрување на меѓуетничките односи во Македонија и на Балканот и даваме голема важност на овие напори. Меѓуетничката стабилност е предуслов за мир, просперитет и економски развој. Нансен училиштето во Јегуновце е симбол на тоа што може да се постигне кога со заеднички сили етничите групи работат во насока на мирот, стабилноста и просперитетот. Проектот доби пофалби од многу страни дури и надвор од Македонија. Јас би сакал да се придружам на овие пофалби. Денес проектот се проширува, изградена е нова училишна зграда и денес ќе започне наставата. Селото Прељубиште и прокетите кои се реализираат овде претставуваат еден модел кој што се надеваме дека ќе биде следен и од други општини. На крај од своето обраќање Н.Е. г-дин Кјетил Паулсен – амбасадорот на Кралството Норвешка во Македонија, им честиташе на учениците и им посака успешна учебна година.

На присутните се обрати и Министерот за образование и наука г-дин Никола Тодоров кој во своето обраќање истакна: Ми претставува голема задоволство што денес ја имам честа денес со сите вас тука да го одбележиме започнувањето на новата учебна година како и отварањето на првото интегрирано двојазично средно училиште во Република Македонија. Проектот за интегрирано двојазично образование започна да се реализира во учебната 2008/09 година кога е отворено првото двојазично основно училиште во Македонија. Во 2009 година започнаа подготовките за отварање на интегрирано двојазично средно училиште, кое денес со вкупна бројка од 35 запишани ученици во две паралелки на македонски и албански наставен јазик, започнува со работа. Како резултат на овој проект со поддршка на владата на Кралството Норвешка кој е реализиран од страна на нНансен дијалог центарот во Норвешка, во идниа се предвидува доградба на средношколскиот објект со што би се зголемил капацитетот на истиот, а воедно со тоа и би се создале предуслови за запишување на уште три идни генерации на средношколци со што општина Јегуновце би имала комплетно и репрезентативно интегрирано двојазично средно училиште со четири успешни генерации на ученици. Доволно сме мудри да градиме интегрирано општество кое што ке се темели на нашата воља за целосен општествен и економски прогрес на целата држава, за целата нација, за сите ние што живееме во Република Македонија.

Се чувствувам многу среќен денес тука за да го одбележиме заедно отпочнувањето на една нова школска година, но и да го одбележиме отварањето на едно ново интегрирано двојазично училиште. Проектот започна пред неколку години и сега ги гледаме и резултатите од истиот. Ефектите од овие проекти се зближување на учениците меѓу себе, нудат исти можности, стандарди и ресурси за сите ученици. Се надевам дека овој проект ќе продолжи и ќе биде успешен не само во општина Јегуновце и ќе биде проширен и надвор од општина Јегуновце. Сеако дека Македонија после 2001 година е Македонија која е градена врз темелите на Охридскиот рамковен договор кој гарантира мултиетничност и исти услови и можнсти за сите во понатамошно развивање. Секако дека овој модел претставува најдобар пример и модел за соработка и ние како влада и во соработка со Министерството за образование и наука и другите донатори ќе продолжиме да инвестираме во ваквиот вид на проекти. Подршката од Нансен Дијалог Центарот е добредојдена, не само финансиската, туку стручната помош и искуставата кои ги пренесуваат во ова училиште. Ние и понатаму продолжуваме да ги поддржуваме ваквиод вид на проекти, истакна г-дин Абдулаким Адеми – Заменик Претседател на Владата на Република Македонија.

После обраќањата на говорниците на свечен начин беше пуштена во употреба новата училишна зграда и присутните имаа можност да се запознаат повеќе со условите во кои ќе учат новите средношколци од општина Јегуновце.