13 ноември 2014 година- Нансен Дијалог Центар Скопје продолжува со напорите и придонесот кон зголемувањето на квалитетот на образованието во средните стручни училишта. НДЦ Скопје го одбележа официјалното отворање на кабинетот за практична настава по стручни предмети во С.С.У Гостивар. Кабинетот е опремен со најсовремени апарати и опрема потребни за високо квалитетна настава во одделенијата за електроника и телекомуникации,компјутерска автоматика и електротехника. Опремата е донација од средното стручно училиште Kубен од Осло, Норвешка, во партнерство со НДЦ Скопје. Министерот за образование и наука, г-дин Aбдилаќим  Адеми ја потврди значајноста на донацијата во однос на подобрување на имиџот и квалитетот на средните стручни училишта и подобрување на севкупниот квалитет на образованието.