Во согласност со потпишаниот „Меморандум за соработка помеѓу Нансен дијалог дентар Скопје (03-178) и Министерството за образование и наука на Република Македонија“ (08-10904), решението на министерот за образование со бр. 12/457 и акцискиот план од „Концепцијата за интеркултурно образование“…
Општо за проектот
Во согласност со потпишаниот „Меморандум за соработка помеѓу Нансен дијалог дентар Скопје (03-178) и Министерството за образование и наука на Република Македонија“ (08-10904), решението на министерот за образование со бр. 12/457 и акцискиот план од „Концепцијата за интеркултурно образование“, на ден 15.11.2016 Нансен дијалог центар Скопје во соработка со Министерството за образование и наука објавува повик за избор на 7 основни и 3 средни модел- училишта во кои ќе се примени „Концепцијата за интеркултурно образование“ во период од три учебни години: 2016/17, 2017/18 и 2018/19 година.
Веб-страници за „Концепцијата за интеркултурно образование“:
Министерство за образование и наука: http://mon.gov.mk/images/Koncepcija-mk.pdf
Нансен дијалог центар Скопје: на следниов линк (на македонски и албански).
Проектот финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и Министерството за образование и наука на Република Македонија.
Цел на проектот
Практична примена на „Концепцијата за интеркултурно образование“ во 10 избрани училишта, конкретно, спроведување на тематските групи под број 2, 3, 4 и 5:
- Компетенции за интеркултурно образование на воспитно-образовниот кадар;
- Воннаставни активности;
- Амбиентот во воспитно-образовните институции;
- Односите на воспитно-образовните институции со пошироката заедница.
2. Компетенции за интеркултурно образование на воспитно-образовниот кадар;
Дел од активностите од оваа тематска група од „Концепцијата за интеркултурно образование“ се однесуваат на подобрување на компетенциите и вештините на наставниците, стручните служби, директорите и помошниците-директори на училишта кои во иднина ќе работат на полето на интегрираното и интеркултурното образование.
За секое модел-училиште ќе бидат обезбедени и организирани вакви обуки од страна на НДЦ Скопје и МОН. Обуките ќе ги организира Нансен тренинг центарот во Скопје според посебна програма која ќе ја реализираат предавачи од Македонија и странство.
Обуките се поделени на две нивоа, основно и напредно, со времетраење од 80 часови (основно ниво – теорија и практика) и 60 часови (напредно ниво – теорија и практика).
Во планирањето на овие обуки од страна на поднесувачот/апликантот (во табелите под број 3.1 од апликацијата) пожелно е да се внимава на етничкиот баланс на наставниците и одделенијата/класовите кои ќе бидат вклучени во обуките и активностите. Доколку има етнички баланс на наставниците, полесно ќе биде оформувањето на наставничките тандеми кои ќе ги реализираат интеркултурните активности. Доколку има голем етнички дисбаланс во училиштето (во наставници и ученици), НДЦ Скопје и училиштето дополнително ќе се обидат да најдат начин за вклучување на преостанатите наставници и одделенија во активностите од проектот.
Термините за реализирање на овие обуки дополнително ќе се договорат со управата на избраните модел-училишта.
Трошоците за обуката на наставниците (превоз, храна, предавачи, работни материјали и дидактички пакети) целосно се покриени од страна на НДЦ Скопје и МОН.
Во периодот од три учебни години пожелно е во проектот да бидат вклучени најмалку 60% од вкупниот број наставници од модел-училиштето.
Повеќе информации за тренинг-центарот и обуките можете да најдете на http://www.tcnmie.org
3. Воннаставни интеркултрни активности (воннаставни)
Овие активности наставниците можат да ги реализираат во модел-училиштата преку два вида неформални активности:
- интеркултурни активности (воннаставни) кои се одржуваат најмалку еднаш неделно;
- проектни ученички активности кои се одржуваат најмалку еднаш месечно.
Овие активности треба да се планираат во согласност со распоредот на часови на учениците и просторните услови со кои располага училиштето, табели 3.2 и 3.2.1 од апликацијата.
Активностите ќе ги реализираат наставници – реализатори кои успешно ќе го завршат основното ниво на обука. Интеркултурните и проектните активности ќе се реализираат според годишни програми кои веќе се изработени од страна на НДЦ Скопје започнувајќи од септември во учебната 2017/18 година.
За време на примената на овие активности наставниците ќе добиваат поддршка од посебен тим којшто воедно ќе ги опсервира активностите според веќе изработен протокол за планирање, спроведување и вреднување на активностите.
Интеркултурните и проектните активности со учениците наставниците ги реализираат волонтерски, без финансиски надомест од страна на НДЦ Скопје или МОН.
Во периодот од три учебни години во проектот пожелно е да бидат вклучени минимум 60% од вкупниот број на одделенија од модел училиштето.
Повеќе информации за интеркултирните активности можете да најдете на: http://www.nmie.org
4. Амбиентот во воспитно-образовните институции
Училиштата ќе бидат поддржани за делумно реновирање и опремување на дел од училниците каде ќе се имплементираат интеркултурните активности, во согласност со планот за примена на овие активности изготвен од страна на апликантот (училиштето).
Опремата која ќе биде доставена на училиштата ќе може да се користи и за редовната настава.
5. Односите на воспитно-образовните институции со пошироката заедница
Наставниците – реализатори ќе имаат обврска да ги спроведат активностите наменети за родителите на учениците кои се вклучени во проектот според веќе изработена програма за родители и планот на активности кој е дел од поднесокот/апликацијата. Училиштата ќе добијат поддршка во промовирање на училиштето и поттикнување за поголемо присуство на локалната бизнис заедница во училиштата.
Кој може да аплицира?
Основни и средни училишта од Република Македонија во кои наставата се изведува на два или повеќе наставни јазика. Критериумите за селекција на училиштата според кои ќе се оценуваат апликациите се податоците од „Планот за имплементација“ кој е составен дел на апликацијата:
- процент на вклучени наставници во проектот;
- процент на вклучени одделенија/класови во проектот;
- процент на вклучени родители во проектот;
- етнички баланс (застапеност) во училиштето;
- претходно позитивно искуство со проекти;
- финансиска партиципација на општината (доколку постои можност);
- дали училиштето има стратегиски план (не е задолжително).
Како да аплицирамe?
Апликацијата можете да ја преземете на следните линкови:
на македонски јазик – http://bit.ly/2fqIeW9
на албански јазик – http://bit.ly/2eXciIp
на турски јазик – http://bit.ly/2fQXGv3 (инфо на турски јазик тука)
Пополнетата апликација во скенирана верзија пратете ја на nmie.school@moes-ndc.org
Оригиналната апликација (отпечатена) испратете ја на адреса:
Нансен дијалог центар Скопје
Ул. „Бахар Моис“ бр. 4, 1000 Скопје
Република Македонија
Рок за поднесување
Краен рок за доставување на апликациите по електронски пат (е-порака) е до 25 ноември 2016 година најдоцна до 16.00 часот. Пополнетата апликација отпечатена (оригиналот) испратете ја по пошта најдоцна до 30 ноември 2016 г.
Имплементација на проектот
Првата фаза од проектот е објавување отворен повик и селекција на училиштата (до 30 ноември 2016 година).
Втората фаза е истражување кое ќе се спроведе во селектираните училишта (декември 2016).
Третата фаза е ревидирање и прифаќање на планот на активности од апликацијата на училиштата и потпишување договори со училиштата (јануари 2017).
Започнување со практично спроведување на „Концепцијата за интеркултурно образование“ според крајниот план на активности доставен од училиштето (февруари 2017).
Финансиска партиципација
Училиштата се ослободени од финансиска партиципација за учество во овој проект.
НДЦ Скопје со управата на училиштата ќе се обиде да се обезбедат финансиска партиципација од страна на општините, доколку постои можност. Министерството за надворешни работи на Норвешка и Министерството за образование и наука на Република Македонија ги обезбедуваат потребните финансиски средства за овој проект.
За дополнителни информации по однос на проектот обратете се на оваа е-адреса:
Нансен дијалог центар Скопје и Министерство за образование и наука на РМ