(01.04, 2010) На датум 01.04.2010, ден четврток, денот на шегата, или Априлијадата, сите ученици од I и II одделение, од селото Прељубиште, беа маскирани од дома со различни носија кои беа многу убави.

Откако дојдоа на училиште, заедно организирано тргнавме за на кај училиштето од селото Жилче, каде што се собравме заедно со учениците од тоа училиште, кои истотака беа многу убаво маскирани, па затоа и ние им се придруживме, со тоа што дефилиравме заедно низ улиците од селото, т.е. од училиштето во селото Жилче до стадионот од селото.

Кога пристигнавме во стадионот, сите деца се подредија, и тогаш се одбраа најубаво маскирани ученици. Меѓу најубаво маскирани ученици, на наше задоволство беа и

учениците од нашето училиште, и тоа „Снежана и седумте џуџиња“- (Кате-Снежана, и Рилинд, Јулед, Ади, Ветон, Дрилон, Ахмет, Љавдрим-седум џуџиња), и „Скелет“-(Игор).

На крај на децата им подарија по едно мало поклонче како нагрда за победата, и после тоа се вративме на училиште каде што продолживме со воннаставните активности.