8 јуни , 2012 – НДЦ Скопје во партнерство со Аналитика успешно го имплементираа проектот “Училишна зелена акција за подобра иднина”. Проектот беше координиран од страна на Ветон Зеколи-проект менаџер на НДЦ Скопје и Ана Стојиловска- соработник во програмата за енергетиката и инфраструктурата при Аналитика.

Проектот беше финансиски поддржан од Регионалниот Центар за животна средина за Централна и Источна Европа, со поддршка на Австриската развојна соработка (АДЦ), Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Времетраење на проектот: 15 ноември 2011 година – 8 јуни, 2012

Target group: Целна група: Целна група на овој проект беа учениците од IV одделение во две основни училишта “Рајко Жинзифов” – Скопје и “Шемшово” – Јегуновце и нивните наставници. Втората целна група се останатите ученици во двете училишта, родителите и државните службеници во општините Чаир и Јегуновце кои работат во секторот за образование.Целта на проектот беше да се придонесе кон подигнување на свеста кај учениците од IV одделение и за поддршка на стекнување на еко-пријателски навики со општа цел да придонесе за одржлив развој и развој на поголема чувствителност кон животната средина од најмалата возраст.

Зелениот пакет Јуниор е специјално дизајнирана алатка за едукација за животната средина за учениците од IV одделение, со цел зголемување на свеста за одржливиот развој во училиштата во Македонија. Ќе се користи како материјал за учење во основните училишта од учебната 2012/2013. Нацрт верзија беше искористена како основа за подготовка на активности за овој проект со цел на добивање на повратни информации на целната група. Пакетот е составен од 12 теми, секоја тема содржи игри, прашања и различни активности за учениците од најмалата возраст.

Проектни активности и резултати:

– Практични активности на отворено и во училниците, вклучувајќи и материјали и теми од Зелениот пакет Јуниор.

– Повеќе од 50 активности беа реализирани и вкупно 9 теми од пакетот беа искористени.

– Наставниците и учениците беа снабдени со материјали од пакетот и други материјали за потребите на организирање и спроведување на часови.

– Изборот на темите беше направен во тесна соработка со наставниците, во согласност со нивните програми за работа и на потребите и интересите на учениците.

Резултати од проектот:

• Зголемено знаење и практични вештини кај учениците поврзано со животната средина;

• Зголемена еко-свест и стекнати еко-навики кај учениците;

• Запознавање на наставниците и учениците со Зелениот пакет Јуниор;

• Добивање на повратни информации за Зелениот пакет Јуниор од страна на наставнците;

• Подобрување на соработката помеѓу учениците, наставниците, родителите и граѓанските организации.