26 февруари 2018 година- во текот на месец февруари 2018 година, Нансен Тренинг центарот за интеркултурно образование го одбележа отпочнувањето на процесот на обука од основно ниво за пет нови групи на наставници, Група 24, 25, 26, 27 и 28. Групите се составени од наставници кои доаѓаат од следните училишта:

– ООУ „Крсте Петков Мисирков“, Радовиш

– СОТО „Гостивар“, Гостивар

– СОУ „Гостивар“, Гостивар

– ООУ „Единство – Башкими – Бирлик“, Гостивар

– СОУ „Цар Самоил“, Ресен

– ООУ „Врапчиште“, Врапчиште

Во новите групи процесот на обука го започнаа и наставници од следите училишта од Косово:

– ОУ „Доситеј Обрадовиќ” / „Фазли Грајчевци”, Црквена Водица

– ОУ „Десанка Максимовиќ” / „Фан С. Ноли”, Каменица

– ОУ „Весел Муја” / ОУ „Свети Сава”, Понеш

– ОУ „Свети Сава” / „Минатори”, Јасеновиќ

НДЦ Скопје им посака добредојде на наставниците од новите групи во основното ниво на обука за Нансен модел за интеркултурно образование.

За да дознаете повеќе за програмата за обука, Ве молиме кликнете на следниот линк: http://tcnmie.org/mk/obuki/nastaven-kadar-i-strucni-sluzbi/osnovno-nivo-na-obuki/