Во текот на ноември 2018. година, наставниците Зана Амедовска Сељимоска и Сашка Делова реализираа активности во рамки на месечната тема Пирамида на исхрана од Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни активности за седмо одделение.
Учениците следеа видеа за пирамидата на исхрана и поделени во групи, секоја група презентираа за еден слој од пирамида.
Цели на активностите се поттикнување на меѓусебна успешна групна и тандемска соработка, поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата, поттикнување на детската оригиналност, креативност, развивање на одговорен и активен однос кон групните задачи, подигање на свеста за консумирање на здрава храна, усвојување на информации за важноста на еден вид храна наспроти друг.