На 01.09.2011 свечено е примена втората генерација на ученици во дисперзираните паралеки на ССОУ Моша Пијаде, с. Прељубиште. Новите ученици и нивните родители беа пречекани од страна на Проф. Стеинар Брин – директор на Нансен мрежата на Балканот, Петар Глогоров – директор на ССОУ Моша Пијаде – Тетово, Сашо Стојковски – извршен директор на НДЦ Скопје, Тони Коцески – градоначалник на општина Јегуновце, Небојша Трпковски и Рухан Илјази класни раководители на новата генерација ученици.
Учениците и родителите беа запознаени со дополнителни информации за проектот кој што го реализира НДЦ Скопје во ова училиште, начинот на финкционирање на училиштето, реализирање на редовната и неформалната настава, планираните активности како и за бенефитот и очекуваните резултати од проектот.
Поради недостаток на простории во оваа учебна година во училиштето има можност за прием на нови ученици во само два класа и учениците се запишани на електротехничка насока (профил: електротехничар за комјутерска техника и автоматика), редовната настава ќе ја следат на македонски и албански јазик, додека неформалните активности на двата јазика.