На 22 и 28 ноември, 2013 година, тимот за едукација, обука и развој при НДЦ Скопје подготви и реализраше посебни подготвителни воннаставни активности сопред Нансен модел за интегрирано образование. Наставниците коишто ќе бидат одговорни за понатамошната реализација на програмите за интегрирани воннаставни активноси исто така присуствуваа на активностите. Овие активности се дел од подготвителната фаза за воведување на Нансен модел за интегрирано образование во ново вклучените училишта.

Учениците со задоволство учествуваа на воннаставните активности кои беа реализирани во една позитивна и мотивирачка атмосфера.