На 25.03.2011 година учениците од ИДСУ посетија повеќе институции (предвидени со програмата за воннаставните активности), како: Македонска радио телевизија, ЕСРА (универзитет за аудио-визулени уметности) и Факултет за драмски уметности, Скопје. Во присуство на четворица професори, одговорни за реализација на воннаставните активности, имаа можност да се запознаат со развојот на Македонската телевизија, како и да посетат неколку студија, додека пак на ЕСРА и Факултет за Драмски уметности добија подетални информации за студиските насоки на кои се подготвуваат идните актери, режисери, сниматели, монтажери, аниматори и музичари.