(12-15.10.2010) Во периодот од 12-15.10.2010 година училиштето беше домаќин на тимот наставнички од ООУ„Маршал Тито“ –Струмица; Тена Зафирова и Зумбуљ Чичек.
Целта на посетата беше наставничките одблиску да се запознаат со начинот на имплементација на проектот интегрирано двојазично училиште кое ке им послужи како патоказ при реализација на истиот проект во матичното училиште но на македонски и турски наставен јазик.
Во текот на тридневната посета наставничките се запознаа со начинот на планирање на заедничките активности, реализацијата на истите со примена на „парафразирањето“,примена на методот на игра, воведување и почитување на правилата на игра, како и бројни други активности од кои зависи успешноста на самиот проект.
Воодушевени од поставеноста на самиот проект и најубави зборови за истиот како и желбата да постигнување на успех во имплементацијата и во нивното матично училиште ја завршија реализираната обука.