На 22.10.2010г. учениците од првото интегрираното двојазично средно училиште во с. Прељубиште, заедно со професорите по стручни предмети имаа посета на фирмата Неоком – Скопје и саемот Технома 2010.

Целта на екскурзијата беше да се запознаат со дејноста на фирмата Неоком и да ги видат најновите технички достигнувања од областа на автоматиката, електрониката, енергетиката и сл.

Посетата на саемот Технома за учениците претставуваше можност да ги прошират предзнаењата од автоматика и електроника, како и да се запознаат со разновидни алати и мерни инструменти, кои секако ќе им користат во текот на стручното образование па и пошироко. Беа посетени штандови на разни компании и земени се рекламни материјали и каталози кои понатаму ќе се користат на часовите по стручните предмети.

 Целта беше успешно остварена, учениците беа задоволни од организацијата и местата што ги посетија и изразија желба и во иднина се организираат слични посети.