(29.01, 2009) Интегрираното двојазично основно училиште “Фридтјоф Нансен” с. Прељубиште го посети високиот комесар за малцински прашања на ОБСЕ, Кнут Волебек. Претставниците на ОБСЕ посебно се интересираа за начинот на функционирањето на ова училиште, ги разгледаа просториите, условите за работа, а посебен впечаток им оставија учениците Македонци и Албанци кои заедно во една училница ги реализираа воншколските активности. Претставниците на ОБСЕ остварија и кратка средба со претставниците на училиштето и претставниците на НДЦ Скопје.
