(27.04, 2009) На ден 27 Април интегрираното двојазично училиште “Фридтјоф Нансен“ во општина Јегуновце беше посетено од страна на заменик министерката за образование г-ца Линдита Ќазими. Заменик министерот за образование ги посети двата класа во училиштето и имаше можнст да се запознае со програмите за редовна и неформална едукација за учениците, наставниците и родителите кои се имплементираат во училиштето и начинот на кој се користи двојазичноста во наставата. Исто така заменик министерот беше запознаена со резултатите од евалуацијата која беше направена од страна на советниците на Бирото за развој на образованието во Тетово. Г-ца Ќазими го искажа своето задоволство од она што имаше можност да го види за време на посетата и посака по едно вакво училиште да има во секоја мултиетничка општина во Македонија. За време на посетата на заменик министерот присуствуваше и градоначалникот на општина Јегуновце Тони Коцески.
