(27.01.2011) На 27.01.2011 година во посета на проектот “Интегрирано и двојазично училиште“ во Струмица беше делегација на мисијата на ОБСЕ во Македнија предводена од заменик шефот на мисијата г-ѓа Наталија Дрозд. Претставниците на ОБСЕ присуствуваа на еден од часовите за интегрирана и двојазична настава и имаа можност да се запознаат подетално како се имплементира проектот во оваа училиште. Делегацијата беше пречекана од управата на училиштето и претставници на НДЦ Скопје – носители на овој проект.