Министерот за образование и наука на РМ Перо Стојановски, градоначалникот на општина Јегуновце Тони Коцески и извршниот директор на НДЦ Скопје Сашо Стојковски потпишаа договор за партнерство во проектот “Интегрирано двојазично средно училиште„ во општина Јегуновце.

Градбата на училиштето треба да започне во септември оваа година, а училиштето официјално ќе започне да работи на 1-ви септември 2010 година. Бидејќи станува збор за пилот проект во ова училиште за почеток ќе бидат оформени само два класа за учениците македонци и албанци од општина Јегуновце.

Овој проект финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и претставува единствен проект од таков вид во Македонија и регионот.