На ден 03.08.2011 година Извршниот директор на НДЦ Скопје Сашо Стојковски и градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити потпишаа договор за три годишна соработка во проектот “Нансен модел за интегрирано образование“.

Со финансиска поддршка на општина Чаир, оваа учебна година проектот ќе почне да се имплементира во основното општинско улилиште “Рајко Жинзифов“, а ќе бидат вклучени два класа на ученици (македонци и албанци) од прво одделение, наставниците и родителите на учениците.

Наредната година во проектот ќе биде вклучена уште една генерација на ученици и постои можност истиот да се прошири и во други училишта во општина Чаир. Официјалното започнување на проектот ќе биде во почетокот на месец октомври оваа година.