На 20 септември 2012 година, извршниот директор на НДЦ Скопје г-дин Сашо Стојковски и градоначалникот на Општина Карбинци г-дин Васил Богдански го потпишаа договорот за соработка за вклучување на Нансен моделот за интегрирано образование во ОУ “Страшо Пинџур”, почнувајќи од оваа учебна година. Во проектот ќе бидат вклучени учениците од шесто и седмо одделение од македонската и турската етничка заедница, како и нивните наставници и родители.

Наставниците кои непосредно ќе ги имплементираат интегрираните воннаставни активности ќе го завршат основниот циклус на обуки за интегрирано образование во рамките на Тренинг центарот на НДЦ Скопје и ќе им се достават годишните програми за имплементација на интегрирани воннаставни активности подготвени од страна на тимот за едукација при НДЦ Скопје. Покрај обуките за наставниците и програмите за ученици, посебна програма за соработка со родителите ќе биде доставена која ќе придонесе за зајакнување на соработката помеѓу родителите, наставниците и учениците од различни етнички потекла .