На 3 октомври, 2012 година, извршниот директор на НДЦ Скопје г-дин Сашо Стојковски и градоначалникот на Општина Конче г-дин Васил Стојан Лазарев го потпишаа договорот за соработка за вклучување на Нансен моделот за интегрирано образование во ОУ “Гоце Делчев”, почнувајќи од оваа учебна година. Во проектот ќе бидат вклучени дел од учениците, родителите и наставниците од македонската и турската етничка заедница со цел да се зголеми соработката и степенот на интеграција.

Наставниците кои непосредно ќе ги имплементираат интегрираните воннаставни активности ќе го завршат основниот циклус на обуки за интегрирано образование во рамките на Тренинг центарот на НДЦ Скопје и ќе им се достават годишните програми за имплементација на интегрирани воннаставни активности подготвени од страна на тимот за едукација при НДЦ Скопје. Покрај обуките за наставниците и програмите за ученици, посебна програма за соработка со родителите ќе биде доставена која ќе придонесе за зајакнување на соработката помеѓу родителите, наставниците и учениците од различни етнички потекла.