На 22 јуни, 2012 извршниот директор на НДЦ Скопје- Сашо Стојковски и Градоначалникот на општина Петровец- Борче Митевски официјално го потпишаа договорот за соработка при имплементација на проектот Нансен модел за интегрирано образование во основното училиште Кочо Рацин во општина Петровец. На настанот беа присутни и директорката ана училиштето г-ѓа Виолета Јаневска како и дел од вработрените во НДЦ Скопје. Во проектот ќе бидат вклучени наставници, ученици и родители од Македонска и Албанска етничка прирадност. Почетокот на проектот е планиран за академската година 2012/2013.