На 28 март 2015 г. извршниот директор на НДЦ Скопје, Сашо Стојковски и извршниот директор на НДЦ Мостар, Елвир Џулиман го потпишаа договорот за соработка меѓу Нансен дијалог центар Скопје, Македонија и Нансен дијалог центар Мостар, Босна и Херцеговина со цел преземање конкретни мерки и активности за развој и промовирање на интегрираното образование во Босна и Херцеговина.
Целта на договорот е да се воспостави заемна соработка меѓу двете организации, дефинирање на правата, обврските и активностите кои ќе бидат преземени за воведување и реализација на Нансен моделот за интегрирано образование во Босна и Херцеговина.