На 23 јануари, 2014 г. Нансен дијалог центар Скопје го потпиша договорот за соработка со општина Тетово со цел да се воспостави идна соработка во рамките на проектот Нансен модел за интегрирано образование при ССОУ „Моша Пијаде“ Тетово односно во дисперзираните паралелки во с. Прељубиште, општина Јегуновце.
Договорот беше потпишан од страна на градоначалничката на општина Тетово г-ѓа. Теута Арифи и извршниот директор на НДЦ Скопје г. Сашо Стојковски.
На настанот беа исто така присутни раководителот на одделот за образование при општина Тетово, Ахмед Ќазими, директорот на ССОУ „Моша Пијаде“, Борис Стојановски и претставниците на НДЦ Скопје: Билјана Крстеска- Папиќ, Аница Оносимоска и Мирлинда Алемдар. Градоначалничката на општина Тетово, г-ѓа Арифи ја изрази нејзината поддршка за Нансен моделот за интегрирано образование имплементиран во околината на Тетово и разговараше околу идните планови и можности поврзани со проектот на НДЦ Скопје.