Меморандум за соработка e потпишан на 08.03.2021.година помеѓу Нансен дијалог центар Скопје и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Скопје. Овој чекор ќе има важно и позитивно влијание врз сензибилизирањето на студентитие од Институтите за педагогија и психологија за многубројните аспекти на интеркултурното образование. Преку соработката со Филозофскиот факултет ќе се реализираат обуки од интеркултурен карактер наменети за студентите од завршните години на додипломски студии. Оваа иницијатива ќе им помогне на идните стручни соработници во градењето на интеркултурните компетенции, неопходни за нивниот понатамошен професионален ангажман.
