НДЦ Скопје и Форум ЗФД, како партнерски организации, на 05.03.2020. потпишаа Меморандум за соработка со Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје, со цел реализирање на циклус на обуки од интеркултурен карактер, наменети за студентите од завршните години на додипломски студии.

Обуките ќе овозможат сензибилизирање на студентите за мноштво предизвици на интеркултурното образование, како во локален контекст, така и во глобални рамки. Истите ќе понудат осврт и кон многубројни и разновидни интеркултурни приоди и воспитно-образовни интервенции. Нивното реализирање ќе тече дво/тројазично со цел вклучување на заинтересираните студенти од сите три наставни јазици на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје.

Ваков вид на инцијатива ќе ги поддржи идните воспитувачи и наставници во интеркултурното сензибилизрање и градење на интеркултурни компетенции, неопходни во нивен понатамошен професионален ангажман.