Во периодот 28-30 ноември, 2012 учениците од Интегрирано средно стручно училиште “Моша Пијаде” (дисперзирани паралелки во с. Прељубиште-Јегуновце)- Христијан Симјановски, Ерблин Амети, Мирослав Савески и Реџеп Илјази придружени од страна на професорот Небојша Трпковски присуствуваа на практична настава на Катедрата за Електричари во Согн средното стручно училиште во Осло, Норвешка. Целта на студиската посета беше да се запознаат со практичниот дел од наставните програми, да научат нешто ново од предметите ЕТ и ИТ, како и да разменат искуства со своите ученици врсници од Согн Училиштето. Оваа студиска посета им помогна на учениците и интегрираното средно училиште во Македонија да се здобијат со нови перспективи и идеи кои би можеле понатаму да се спроведувата во официјалната училишна програма. Оваа студиска посета беше организирана и финансирана од страна на НДЦ Скопје.

Во средното стручно училиште во Македонија, студентите се најмногу обучени во теоретски аспект. Во Согн средното училиште учениците беа вклучени во сите практични часови и работилници заедно со Vg1 ELDD. Покрај практичната обука учениците од Јегуновце поминаа цел ден со учениците од 10 одделение при Согн училиштето, со кои заедно посетија неколку модули на курсеви и часови по стручни предмети. Практичниот дел беше оценет како високо користен од страна на студентите.
Покрај практичната стручна обука, учениците исто така имаа неформални активности како: фудбалски натпревари, кошарка, обуки за посредување при конфликти и посета на Holmenkollen.