На 18.03.2011. година телевизискиот снимател Ј. Лесански одржа презентација на учениците во ИДСУ, во рамките на уметничката секција, којашто ова полугодие работи на тема: Филм и филмска уметност. Учениците добија мноштво информации за работните задачи и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат снимателите, како и за потребното образование коешто е предуслов за оваа работна позиција. Учениците воедно имаа прилика непосредно и подетално да се запознаат со дел од професионалната опрема и начинот на нејзиното користење и функционирање.