Во периодот од 15 до 27, 2017 ноември, учесниците oд 14, 15, 16, 17 и 18-та група кои се вклучени во напредното ниво на обука за интегрирано образование при Тренинг Центарот на НДЦ Скопје присуствуваа на предавањето реализирано од страна на проф. д-р Елена Ачковска-Лешковска, од Институтот за Психологија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Темата на педавањето во рамки на напредното ниво на обука беше„Безбедна социо-емоционална клима во училиштето”. Во склоп на предавањето беа реализирани разни интерактивни активности и дикуcии помеѓу учесцните.