На 10 декември 2014 год.  претставниците на управниот одбор на НДЦ Скопје Бенте Кнагхејлм и Ингрид Вик, го посетија основното училиште „Страшо Пинџур“ во Општина ,,Карбинци“ и основното училиште „Славчо Стојменски“ во општина Виница. За време на посетите, претставниците остварија средба со директорите на училиштата, исто така присуствуваа на интегрираните  воннаставни активности, организирани според Нансен моделот за интегрирано образование.